Хуманитарна забава “Хуманост во Кадар”

1

Кога? – 02.04.2016 во 20 часот

Каде? – Стоп бар, Скопје

ФБ настан

Драги скопски инстаграмџии и артовачи! Дали вашиот објектив е способен да ја фокусира хуманоста во овој зафатен град? Дали би го прифатиле предизвикот да ги фатите во кадар малите но значајни дела што еден Скопјанец може секојдневно да ги прави? Во рамките на програмата ЦКА-ПХВ, би сакале да вложите во оваа мисија, и вашите фотографии да ги објавите со хештег #хуманоствокадар,#заВелковски. Доколку сметате дека зад сликата се крие некоја приказна напишете го тоа во коментар! Доколку пак не успеете да најдете приказна, направете ја самите! Нека ова биде вашата шанса и потсетник да направите добро делo! СПОДЕЛЕТЕ НАСЕКАДЕ! ГИ ОЧЕКУВАМЕ ВАШИТЕ ФОТОГРАФИИ!

Вашите фотографии ќе бидат изложени во Stop Bar на ден 02.04.2016 сабота каде што истовремено ќе има хуманитарна забава (влез 100денари) со почеток од 20:00часот која ќе биде наменета за хуманитарни цели, каде би помогнале на социјално загрозеното семејство Велковски од Радишани. Ве покануваме сите, да се забавуваме и да бидеме хумани. Организирано од клубот на млади на Црвен крст на град Скопје.

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија. Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година беше овозможена со поддршка на МЦМС во рамки на Програмата Цивика Мобилитас финансирана од Швајцарсата агенција за развој и соработка.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: