Хуманитарна Велосипедска Тура 2014 за децата од СОС Детско село Македонија

4

Ајде да земеме учество во Хуманитарната велосипедска Тура 2014 и да им помогнеме на децата од СОС Детското Село Македонија!

” Со задоволство Ве покануваме Вас и Вашата компанија да станете дел од СОС велосипедскиот тим кој ќе го официјализира почетокот на нашата тура на 05 април 2014 од 10:00 часот со старт од Градски парк кај Школка
Ве уверуваме дека Ве очекува уникатна авантура со многу забава.
Не пропуштајте!

Ова е Љупчо. Тој има 20 години.
Во април, Љупчо и неговиот другар Даниел од Бугарија ќе поминат 1700 километри низ шест балкански земји. И тоа на велосипеди.
Целта им е да ги привлечат вниманието и поддршката на јавноста за работата на СОС Детските села, организација под чија закрила обајцата пораснаа како деца.
„Возам за Марија, за Венера, за Атанас, за Елвира и Раде. Возам за сите деца кои како мене го пронајдоа својот топол дом и семејство во СОС Детското село” вели Љупчо.

„Во СОС Детското село дојдов две-три недели пред да наполнам осум години. Оттогаш мојот живот се промени на подобро. Сега сфаќам колку имав среќа да бидам во СОС Детското село.
Пред тоа живеев во дом. Поголемите ме тепаа речиси секој ден. Не сакам да се сеќавам на тој дел од живототот.
Многу добро ги знам детските права. Можам да кажам дека за мене тие права се остварија дури откако дојдов во СОС Детското село.
Тука научив да бидам дете. Тука добив семејство, браќа и сестри, љубов и грижа. Тука научив да верувам во луѓето и да сакам. Тука добив шанса да станам тоа што сакам.
Јас денес работам и студирам. Хоби ми се пеење и спортување. Ми се остваруваат соништата. Сакам и на другите деца како мене да им се остварат соништата. „Затоа, придружете ми се!”

Заедно. За децата.
СОС Детските села во кои пораснаа Љупчо и Даниел, како и другите села во и вон рутата, се места каде децата без родители и родителска грижа добиваат ново семејство, грижлив родител и втора шанса во животот.
Во СОС Детските села децата растат опкружени со љубов и грижа. Тие се чувствуваат сигурни и безгрижни, слободни да ги развиваат своите потенцијали и таленти.
Потврда за тоа дека успешно ја работиме нашата работа е токму оваа иницијатива која доаѓа директно од Љупчо и Даниел.
„Ова е моето благодарам,” вели Љупчо.
Затоа Ве каниме да ја поддржите идејата на Љупчо и Даниел и да ги помогнете децата од СОС Детското село преку:
– Учество на вашите вработени во стартната рута со котизација од 12.000 денари
– Спонзорство во износ од 12.000 ден
– Спонзорство во износ од 60.000 ден.
– Главен покровител ( по договор)
Се разбира, доколку имате идеи како да ја помогнете оваа велосипедска тура Ви стоиме на располагање да ги разгледаме деталите.
Добредојдени се и сите индивидуалци кои сакаат да ни се приклучат и да ја поддржат Хуманитарната Велосипедска тура. Доколку сакате да оставите донација тоа може да го сторите на следниов линк  во кој ве замолуваме да ставите назнака Хуманитарна Велосипедска тура во второто поле (означено како Име на фирма).Ви оставаме можност за донација по личен избор и во согласност со вашите можности. За секоја направена донација над 500 денари си обезбедувате и брендирана маичка за самиот настан која ќе може да ја подигнете на нашиот пулт на збирното место пред почетокот на возењето.
Уплатата може да ја извршите и на нашата Жиро сметка 210-0552173401-87 во НЛБ Тутунска Банка со назнака за Хуманитарна Велосипедска тура.Ви Благодариме!
Контакт
СОС Детско село Македонија
Александра Спасевска
Телефони: 02 329 0556, 072 22 00 38
Рок за пријавување : 26.03.2014
Опис на поддршката

Котизација за учество- Со котизација во износ од 12.000,00 денари Вие и Вашите вработени (5-10) ќе можете да бидете дел од Хуманитарната велосипедска тура на стартната рута која ќе се вози на 05. април (сабота) со почеток од 10:00 часот на релацијата СОС Детско село Ченто -Автокоманда-Центар-Качанички Пат-Блаце.
Возењето можете да го започнете и завршите на било кој дел од наведената релација, но секако дека ќе биде повозбудливо да почнеме сите заедно во СОС Детското село во населбата Ченто, ул. Финска 131.
Пријавете го вашето учество на www.sos.org.mk или во приложениот формулар каде се наведени и податоците за уплата на котизацијата. Вашата поддршка ќе биде истакната на вебстраната на сос Детско село, во социјалните мрежи како и во известувањето до медиумите.Секој учесник ќе добие брендирана маица за учество на настанот.
Спонзорство во висина од 12.000 денари Доколку не сте во можност да учествувате во возењете на стартната рута, а сакате да ја поддржите Хуманитарната велосипедска тура, помогнете со спонзорство од 12.000 денари и Вашата поддршка ќе биде истакната на веб-страната на СОС Детско село, во социјалните мрежи, како и во известувањето до медиумите.
Спонзорство во висина од 60.000 денари -Како спонзор на Хуманитарната велосипедска тура, се стекнувате со можност за учество на 20 –30 Ваши вработени во стартната рута на 05. април и промоција на Вашата компанија преку истакнување на Вашето лого на маичките за турата, во сите известувања до медиумите, на веб страницата на СОС Детско село и социјалните медиуми, како и во краткиот филм со снимки направени со GoPro камера кој ќе се промовира по завршување на турата.
Главен покровител—Вашето лого ќе биде поставено на посебен банер на стартната позиција, на предната страна на маиците на учесниците на настанот, на јакната, шлемот и ранецот на Љупчо за целото времетраење на турата. на промотивниот флаер како и на сите други претходно споменати промотивни алатки. Сумата и сите други детали ќе бидат по договор.
Придружете се на Хуманитарната велосипедска тура 2014, и помогнете им на децата од СОС Детско село Македонија. Бидете со нас!”

Текстот е превземен од официјалната страна на СОС ДЕТСКОТО СЕЛО МАКЕДОНИЈА.

ЛИНК ДО ВЕСТА И ПРИЈАВИТЕ ЗА УЧЕСТВО ТУКА.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: