Хуманитарна театарска претстава: “ПОГОДЕТЕ КОЈ ДОАЃА НА ВЕЧЕРА”

2

Превземено од Фб Настанот: Хуманитарна театарска претстава: “ПОГОДЕТЕ КОЈ ДОАЃА НА ВЕЧЕРА”

КОГА: Четврток, 30 октомври 2014, 19:00 Часот

КАДЕ : Центар за култура “Ацо Шопов” Штип

“Хуманитарна театарска престава “Погодете кој доаѓа на вечера” во организација и изведба на младите членови на Црвен крст од ООУ Славејко Арсов Штип.

Театарската престава ќе се реализира во Центарот за култура Ацо Шопов Штип на 30.10.2014 година (четврток) цената на картата е 100 денари, а собраните финансиски средства од претставата ќе бидат наменети за лекување на нашите сограѓани Иван Стојанов, Евица Бојаџиева и Олгица Тодоровска.

Настанот се организира во соработка со Центарот за култура Ацо Шопов Штип за што упатуваме јавна благодарност за поддршката. Ве очекуваме почитувани сограѓани по кој знае кој пат да ја покажеме хуманоста на дело и да помогнеме на нашите сограѓани да победат во нивните животни борби.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: