Хуманитарна свирка за децата со церебрална парализа

1

Во рамките на ПХВ програмата (Промоција на Хумани Вредности) Општинската организација на Црвен Крст Карпoш во соработка со учениците од СУГС ,,Никола Карев”, Ве покануваат на хуманитарна свирка исполнета со музика каде ке не забавуваат Егзотик бенд и девојките од Никола Карев. Истовремено сакаме да искажеме голема благодарност до Студио 54 и Егзотик бенд што ни овозможи реализација на оваа забава и ни го отстапи за петочната свирка. Вашата хуманост ќе придонесат за подобар престој на корисниците на Завод за церебрална парализа-Скопје.

Затоа не пропуштајте 31.01.2014(петок) со почеток во 22.00 часот! Moќта да го смениме светот лежи во секој од нас, ХУМАНОСТА НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ !!!

Влез: 50 денари***

** Собраните средства ќе бидат наменети за корисниците на Заводот на церебрална парализа- Скопје**

Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) програмата, која претставува Национална алатка за регрутирање и задржување на волонтерите во редовите на организацијата на Црвениот Крст, изминатата година одбележа 16 години од процесот на својата имплементација на целата територија на Република Македонија. Во проектот вклучени се сите 34 Општински организации на Црвен крст во нашата земја, како и во градската организација на Црвен крст на град Скопје, преку кои се регрутираат млади волонтери на Црвениот крст на возраст од 14 до 18 години, кои добиваат соодветна обука за дисеминација, за културата на дијалог како основен предулсов на градење на интеркултурно општество, препознавање на потребите на заедницата и изработка на хуманитарен проект. Минатата година беа изработени рекордни 202 проекти за добробит на заедницата преку кои беа помогнати преку 3000 лица. Ова година програмата е поддржана од CIRa во рамките на програмата Civica Mobilitas.

 


Извор

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: