Хуманитарна свирка на учениците од ДМБУЦ „Илија Николвски-Луј“

2

Превземено од фб настанот ХХуманитарна свирка на учениците од ДМБУЦ „Илија Николвски-Луј“

 

КОГА : Четврток, 02 април 2015, 20.00h

КАДЕ :  „Chicago club&restaurant“, СКОПЈЕ

“Наши хумани пријатели, 
Ве покануваме овој четврток од 20:00ч да бидете со нас во „Chicago club&restaurant“ на мал хуманитарен концерт на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Чест ќе имате да ги слушнете: 
-Spiri Geri
-Duo Guitar
-Normabel 
-Duo Piano I Solo

Хуманитарниот концерт е дел од годишниов ЦКА-ПХВ циклус, а собраните средства ќе бидат наменети за да им се направи повесел просторот на децата кои престојуваат во Клиниката за детски болести во Скопје.


————————–————————–————————–

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) веќе 16 години претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата.
Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.
Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.
Во текот на цилкусот 2013/2014 обуката ја поминаа 1276 младинци, 1153 од нив изработија рекорден број на 210 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 4055 лица од различни ранливи категории, вложувајќи 30 838 волонтерски часови.
Имплементацијата на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година беше овозможена со поддршка на Норвешка Амбасада од Србија.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: