Хуманитарна собирна акција за семјството Кочоски од скопско Драчево

3

Текстот е комплетно ревземен од Фб Евентот : Заедно да им обезбедиме топол дом на семејство Кочоски

“Освен финансиска помош, потребни се следниве работи:
– Храна ( со нутрутивна вредност, конзервирана, со подолг рок на траење)
– Пелени ( од 7кг до 19кг )
– Хигиенски средства ( прашак за перење алишта, купка, шампон итн)

*Облека/мебел не е потребно, ве замолуваме да не носите такви работи.

МЕСТА:

– Кафич “Best Cafe” во населба Драчево
( Од утре 10-ти до крај на неделата 15-ти)

– Кафич “Излет Кафе” (Izlet Kafe )во населба Центар во близина на Грчката амбасада.
( утре 10-ти и среда 11-ти )

*На двете места ќе има оставено кутија за донации.

Приказната која повеќето ја знаеме, еве за другите на кратко:

Станува збор за 7 – члено семејство од населба Драчево, кое живее во мизерни услови во една соба… Подетално во коментар со слики ќе ви ја доловиве ситуацијата…

ПРИОРИТЕТ:
Евентов го креираме за да може да собереме парични средства и да најдеме куќа/стан во населба Драчево, за да може да им платиме и сместиме ова семејство.

Сметката на која може да уплатите е следнава:
Donations for the family of 7 can go on this account:

Blage Kocoski / Благе Кочоски

NLB Tutunska Banka / НЛБ Тутунска Банка
Acc. no. / Број на сметка: 210501684824089

Адресата на ова семејство е
The current address of the family is
ул. Солунска глава бр. 4 Драчево, Скопје
Ul. Solunska Glava, br 4, Dracevo, Skopje,

За оние кои сакаат да ги посетат.
Whoever wants to visit.

Истотака ве замолуваме, особено на луѓето кои живеат во тој дел, да се распрашаат за куќа/стан под кирија.

Откако ќе ги сместиме, ќе се потрудиме по нашиве институции да најдеме конечно решение за ова семејство. Како и за храна, облека итн….

Ви благодариме на сите хумани луѓе кои ќе помогнат.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: