Хуманитарна собирна акција за помош на семејството на Благица

1

Превземено од фб настанот: ДА ДОНИРАМЕ!

КОГА: НЕДЕЛА, 15 март 2015, 12:00-13;00

KАДЕ : ГРАДСКИ ПАРК, КАЈ ФОНТАНАТА; СКОПЈЕ

OРГАНИЗАТОР : ЕЛЕНА ПЕТКОВСКА

“Благица е самохрана мајка на четири деца која живее во импровизирана куќа без врати и прозорци. Нејзиниот сопруг починал, а тоа дополнително и го отежнало животот. Тешко врзува крај со крај а и нејзините деца се често гладни, некогаш нема храна ни за 10 месечниот Христијан.
Во куќата престојува привремено, вели диво вселена е и секој момент можат да ја урнат. Нема ниту струја, ниту вода. Децата учат на свеќа, бидејќи единствената светлина во куќата доаѓа од уличните светла.
Благица е невработена и нема никакви приходи, нејзиниот сопруг повеќепати аплицирал за парична помош, социјален стан и надомест за 4то дете, но никаде не добил позитивен одговор.
Сите вие кои сте во можност и имате волја да помогнете, потребно е:
– храна соодветна за 10 месечно бебе (кашички, житарки, вода, се што не е расипливо брзо)
– вода
– млеко за останатите дечиња
– храна за целото семејство 
– хигиенски намирници
– пелени за бебето број 5
– влажни марамчиња”

 

Нашиот апел за помош е на следниот линк 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: