Хуманитарна штафетна трка за лицата со Вилсонова болест во Македонија

3

Превземно од https://www.facebook.com/events/524836684339046/

KOГА: САБОТА, 3  октомври, 2015 година, 10:00 часот

КАДЕ: Кеј на Вардар, кај стадионот на АРМ

“Подај рака и учествувај на кратката хуманитарна штафетна трка за поддршка на лицата со Вилсонова болест во Македонија!

За наша прва акција, како здружение Вилсон Македонија, решивме да ја организираме оваа хуманитарна, спортско-рекреативна манифестација со која симболично ќе покажеме дека заедно можеме да постигнеме повеќе за подобрување на квалитетот на живот на овие лица во Македонија.

Целта на овој настан е да ја подигнеме свеста на јавноста за Вилсоновата болест, да ја поттикнеме социјална вклученост на лицата кои се соочуваат со оваа болест, како и да поттикнеме што повеќе луѓе на рекреација и подобрување на нивната општа психофизичка состојба.

Притоа, се надеваме дека со оваа акција ќе собереме средства за набавка на реагенси за генетско тестирање на Вилсоновата болест, како и за редовно следење на болеста со цел успешно лекување. Навремената дијагноза на болеста е најважна за овие лица, бидејќи Вилсоновата болест е едно од ретките генетски нарушувања кои успешно може да се лекуваат и да им овозможат на пациентите нормален живот, рамноправен со сите здрави луѓе. Од друга страна, ненавремената дијагностика и неадекватното лекување имаат фатални последици.

Со овој настан, сакаме да им дадеме поддршка на сите лица кај кои, најчесто како последица на ненавремена детекција, ретките болести оставиле непоправливи последици, и да им оддадеме почит на оние кои прерано го изгубиле својот живот борејќи се со нив.

Лицата со ретки болести имаат право да не бидат невидливи, туку да бидат рамноправно прифатени и интегрирани во општеството. Да им подадеме рака!

Настанот е отворен за сите заинтересирани, млади и стари, трчачи и нетрчачи! smile emoticon Оние кои нема да трчаат ги покануваме на дружење, а за оние кои ќе трчаат, еве ги правилата:

– Во секој тим треба да има најмалку 2, а најмногу 5 натпреварувачи, независно од пол и возраст.
– Секој тим треба да истрча вкупно 5000 м.
– Секој тим добива штафетна палка, која му се дава на првиот натпреварувач. Со палката треба да измине 1 круг (1000 м.) и да ја предаде на следниот натпреварувач. Предавање на штафетната палка на следниот натпреварувач се изведува по секој изминат круг (1000 м). Последниот натпреварувач треба да ја донесе штафетната палка на целта.

Котизацијата за учество е 250 ден. за возрасни (над 18). За децата, се разбира, е бесплатно! Регистрацијата ќе се случува за време на самиот настан, 1 час пред трката.

Трката почнува во 11 часот.
Се гледаме!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: