Хуманитарна претстава за СОС Детско село

5

 

Хуманиарна театарска претстава за социјално загрозените семејства
што го посетуваат Советодавниот центар за родители и деца при
СОС Детското село, ќе се одржи на 29 март, во Драмски театар,
со почеток во 15 часот.

 

Организатори на хуманитарната акција се „ ПТПИ Скопје – Маседониа комјунити чептер“

(PTPI Skopje-Macedonia Community Chapter), а поддржана е од Агенција за млади и спорт,

Драмски театар и СОС Детско село.

Театарската претстава ќе биде изведена од средношколци и студенти

кои преку оваа претстава ќе го кренат својот глас против дискриминација,

насилство и омраза. Учесниците во претставата се поранешни и сегашни

членови на ДКЦ „С’клет“, при средното училиште „Георги Димитров“.

Претставата е креирана во рамки на инцијативите на Националната кампања

против говор на омраза, а воедно е и придонес кон одбележување на неделата

на Европски акции.

Цената на билетите е 100 денари. Билетите се во претпродажба

на билетарницата на Драмски театар.

Сите собрани средства од продадените билети ќе бидат донирани.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: