Хуманитарна ораторска вечер “Ноќ на беседите”

2

Превземено од Фб

 

Хуманитарна ораторска вечер “Ноќ на беседите“
Во рамките на ПХВ програмата (Промоција на Хумани Вредности) Клубот на Оратори – Forum Oratores – Скопје во соработка со Општинската организација на Црвен Крст Центар, со особена чест и задоволство ве кани на “Ноќ на беседите“. Oраторска вечер на која љубителите на убавиот збор ќе имаат неповторлива можност да проследат дел од антологиските беседи, кои во изминатите тринаесет години го одбележаа постоењето на Клубот на Оратори.
Затоа не пропуштајте 5.Март 2014 година (среда) со почеток од 19:00 часот во салата на ДХО “Даре Џамбаз”!Хуманоста пред се!!!

Влез: 100 денари

** Собраните средства ќе бидат наменети за Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас **

Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) програмата, која претставува Национална алатка за регуритирање и задржување на волонтерите во редовите на организацијата на Црвениот Крст, изминатата година одбележа 16 години од процесот на својата имплементација на целата територија на Република Македонија.
… Во проектот вклучени се сите 34 Општински организации на Црвен крст во нашата земја, како и во градската организација на Црвен крст на град Скопје, преку кои се регрутираат млади волонтери на Црвениот крст на возраст од 14 до 18 години, кои добиваат соодветна обука за дисеминација, за културата на дијалог како основен предулсов на градење на интеркултурно општество, препознавање на потребите на заедницата и изработка на хуманитарен проект. Минатата година беа изработени рекордни 202 проекти за добробит на заедницата преку кои беа помогнати преку 3000 лица.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: