Хуманитарна целодневна бојлер-журка со Олук мултимедија

2

Превземено од: фб

Датум и време: 21.06.2015 во 14часот Место:Радио МОФ- Скопје

Целодневен музички настан а ла „boiler room“ во живо од дворот на МОФ, посветен на собирање помош за мигрантите кои транзитираат низ Македонија.

Настапува динамична диџејска екипа од тетовската организација Oluk Multimedia, која ќе понуди осумчасовен избор од најновото и најдоброто од неколку современи музички правци, прилагоден на летото и отворениот простор, со видео стрим во живо на Радио МОФ:

Jansky (http://www.mixcrate.com/jansky)
B!Zarre (https://soundcloud.com/batazare)
Miss Neighty
Vercho

Во пресрет на Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, сведоци сме на голготата на илјадници луѓе од земји во војна и кризни жаришта на Средниот Исток, Азија и Африка, кои во потрага по подобар живот во западните земји, минуваат низ Македонија и овде се соочуваат со ужасни услови, опасности, криминалци кои ги ограбуваат и полиција која ги малтретира. Според официјалните податоци, дури 29 мигранти загинале по македонските пруги и патишта изминатите месеци.

Во очекување на законот со кој тие ќе можат легално да престојуваат во земјава 72 часа, пред да го продолжат своето макотрпно патување, можеме барем да се обидеме да им помогнеме.

Според информациите од активистите кои секојдневно им помагаат на мигрантите (https://www.facebook.com/groups/832538120154262/permalink/857141901027217/), потребно е:

– Облека не, затоа што мигрантите со себе не носат ништо за понатаму. Ги чека долг пат и тие освен ранчиња, не носат друг багаж.

– Храна, влошки за жените, санитетски материјал, ајран, лекови за алергија, за температура, за болки во мускулите, маст за опуштање на мускулатура итн.

– Витамини, Магнезол, завои, гази, ракавици, заштитни маски, сапун, чорапи…

Дојдете за да се журкаме, но и да помогнеме!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: