Хуманитарна аукција: „Купи дрес на Вардар и донирај“ за Орнела Јордановска

3

 

Превземено од http://rkvardar.com.mk/

На иницијатива на Ракометниот клуб Вардар и Барбакан, во петок (15 мај) во периодот од 18,30 до 19,30 часот ќе се одржи хуманитарна аукција под мотото „Купи дрес од ракометарите на Вардар и донирај”.

На аукцијата ќе бидат понудени оригинални дресови на РК Вардар со кои ракометарите настапуваа на натпреварите во Лигата на шампионите и СЕХА лигата.

Сите љубители на спортот и хумани луѓе, ќе може да се дружат и фотографираат со ѕвездите на клубот, како и да купат дрес со автограм лично од нив.

Средствата кои ќе бидат собрани од оваа акција ќе бидат донирани за помош на Орнела Јордановска која боледува од рак на лимфните жлезди.

БИДИ ХУМАН, ДОЈДИ И ТИ!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: