Хуманитарна акција за собирање новогодишни пакетчиња

1

Почитувани,

Лео Дистриктот 132 Македонија и оваа година ја организира својата традиционална хуманитарна акција “Купи Производ Плус”.

Целта е да се соберат производи за изработка на новогодишни пакетчиња кои ќе бидат донирани на децата од повеќе институции, домови и училишта за деца со посебни потреби во Скопје.

 

Акцијата ќе биде организирана 2 викенди од декември (12-13.12.2015 и 19-20.12.2015) во супер маркетите Веро 2 – Тафталиџе и Веро Центар (Jumbo).

Сите кои сакаат да помогнат се добредојдени да не посетат и да купат “Производ Плус”, (чоколадо, бонбони, смоки, играчки и сл.) кои ќе ги донираат на нашите штандови за иработка на новогодишните пакетчиња.

 

Да бидеме хумани и да помогнеме новогодишните празници за сите деца да бидат подеднакво среќни!

 

Ве очекуваме,

Лео Дистрикт 132 Македонија

https://www.facebook.com/leodistrict132macedonia/

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: