Хуманитарна акција за поплавеното население во МК организирана од “Уметност на живеење Македонија”

4

Превземено од Уметност на живеење Македонија – Art of Living Macedonia

Хуманитарна акција за погодените од поплавите – Биди хуман за Македонија

Обилните врнежи што ја зафатија нашата држава во изминатиов период доведоа до излевање на реките од речните корита при што беа предизвикани бројни последици на инфраструктурата, земјоделските посеви и домовите на жителите во повеќе региони во Македонија.
За таа цел „Уметност на живеење Македонија“, организира хуманитарна акција во период од 9 до 14 февруари. Сите кои сакаат да донираат ќе може да го посетат пунктот поставен во „Супер Тинекс“ во Зебра, во период од 11 до 20 часот. Ги повикуваме граѓаните да излезат што помасовно во оваа акција и да ја покажат својата хуманост кон своите сограѓани. Според информациите од институциите најпотребни се вода за пиење, дезинфекциони и хигиенски средства, лекови, храна, облека, покуќнина, ќебиња, …..
Собраната помош „Уметност на живеење Македонија“ со своите волонтери ќе ја дистрибуира дирекно до погодените домаќинства без никакви посредници или институции.
“Секој од нас чувствува дека она што го прави е само една капка во океанот. Но ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка” – Мајка Тереза.
Повеќе инфомрации можете да добиете кај Елена 070/441.844

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: