Хуманитарна акција за помош на Баба Дајка

2

Познатата изрека вели – хуманоста не се раѓа, хуманоста се учи! Волонтерите на Црвениот Крст се тие кои секојдневно не’ учат како да бидеме хумани.

За таа цел, волонтерите од општинската организација на Црвен Крст Центар, во рамки на проектот ЦКА-ПХВ, овој петок ќе организираат хуманитарна претстава за да и’ помогнат на баба Дејка, која живее во многу тешки услови, но и покрај тоа не се откажува и верува во надежта, која и ја нудат младите од Црвениот Крст.

На сцената во сала 1 при ДХО “Даре Џамбаз“ во петок, со почеток од 19:30 часот ќе биде прикажана претставата ,,Црната мечка” играна од театарот ,,Мали, а големи”.

Цената на билетот чини симболични 100 денари, а со истите ќе помогнете да се подобрат условите во кои живее баба Дејка.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: