Хуманитарна акција за Љупчо

2

Превземено од Мотори

Кога? – 05.02.2016 година со почеток во 20 часот

Каде? – „Road House“ во Скопје

“За Љупчо веќе пишувавме, но време е да направиме нешто конкретно. Мото клубот Мото Скопје на 5-ти февруари со почеток од 20 часот во „Road House“ во Скопје ќе организира акција за помош на нашиот колега.

Влезот ќе се наплаќа симболични 100 денари, средства кои ќе му бидат префрлени на Љупчо, а дополнително на тоа секој кој сака и е во можност ќе може да донира повеќе. На настанот ќе имаме прилика да се дружиме, ќе не забавуваат Breakdown Band (со Пеце Суперхикс), а цените на пијачките ќе бидат со намаление со цел повеќе средства да се донираат за Љупчо.

Се надеваме дека потегот на Мото Скопје ќе го следат и останатите мото клубови, па наскоро ќе можеме да присуствуваме на повеќе вакви настани.

Црвенковски Љупчо е 26 годишен моторџија од Прилеп кој боледува од рак на кожа. За лекување потребни се финансиски средства во износ од 8.000 евра месечно. Секој од нас може едноставно да помогне со вртење на броевите подолу со што се донираат по 100 денари.

Се надеваме дека ќе се најдат луѓи кои се финансиски моќни да помогнат и со повеќе, во прилог ќе ги најдете телефонските броеви на кои може да се донира (во процедура е и добивање на број од Телеком), како и денарската и девизна сметка на кои може да се врши уплата.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: