Хуманитарна акција: „Да испратиме љубов!“

7

https://www.facebook.com/events/241659436030435/?context=create&source=49#

Основното училиште Св. Кирил и Методиј од с.Бучин-општина Крушево во соработка со здружението Хуманост Без Граници, ве информира дека започнува хуманитарна акција за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина. Акцијата започнува на 23.05.2014 година, а донациите ќе се примаат во училиштето во период од 08:00 до 15:00ч. Во Петок се очекува помасовно учество во акцијата поради одбележувањето на патрониот празник на училиштето. Ве покануваме на овој настан сите заедно да го дадеме својот придонес. Да испратиме љубов до нашите соседи. Да бидеме спремни и на овој час – час на кој ќе ја докажеме хуманоста.

 

Воедно Ве известуваме дека паралелно ќе се одвива и акцијата за собирање на обувки и играчки за децата сместени во дом семејства и социјално загрозени семејства.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: