Хуманитарен Велеслалом Маврово 2014

1

Од 21-ви до 23-ти Февруари, ќе се оддржи традиционалниот Дванаесетти Аматерски Хуманитарен Велеслалом, Маврово, 2014, настан кој компаниите во Македонија со нетрпение го очекуваат заради богатата содржина преку целиот викенд и воедно хуманиот карактер.

Оваа година гостува најдобриот акустичен женски бенд на Балканот ФРАЈЛЕ а најавени се и целодневни, тематскa вечернa забавa, одржување на изборот Дервенџија на Маврово и снежна трка од неформален, забавен карактер.

Целта на донацијата од оваа хуманитарна активност ќе биде наменета за поддршка на пет годишниот Максим Димовски кој боледува од ретко генетско заболување (SchimeImuno Displasia Sindrom), болест која сеуште се истражува. Од ова ретко заболување, во моментов има само 6 живи заболени деца во светот. Едно од решенијата за продолжување на животот на Максим е пресадување на коскена срцевина, а потоа пресадување на бубрег. Операциите треба да бидат изведени на Универзитетската Клиника во Хајделберг и чинат околу 200 илјади евра.

Секоја компанија или хумана дружина може да пријави екипа. За пријавување на екипа треба да донираат 200 ЕУР на сметката за донации, за што ќе добие 3 ски карти за целиот викенд, треба да си понесе свое знаме со лого и добро расположение.

Екипите е потребно да пријават по три аматерски скијачи, членови во машка или женска конкуренција кои ќе се натпреваруваат во соодветните категории. Право на учество имаат и оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2004/2005 година.

Оваа година регистрацијата на екипите ќе се врши електронски на следниот линк

http://skimavrovo.com/Register

Покана за велеслаломот

Агенда за велеслаломот 2014

 


Извор: off.net.mk

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: