Хуманитарен турнир во Мал фудбал и Кошарка

1
    •  Oрганизирано од Црвен Крст на РМ.
  • “Општинската Организација на Црвен Крст Карпош во соработка со ученици од СУГС ,,Лазар Танев” преку ЦКА-ПХВ програмата, организираат Хуманитарен турнир во Мал фудбал и Кошарка. Целта на овој турнир е да се соберат парични средства со кои ќе се организира ручек на 20 социјално загрозени семејства каде самата храна ќе биде приготвувана од страна на вештите раце на волонтерите и учениците од самото училиште.
    Пријавување на екипа ќе биде 300 денари.
    Последен рок на пријавување 08.03.2014 год.
    Редоследот на екипите и нивното играње го вршиме преку наш распоред.
    Натпреварите по фудбал ќе се играат на 10,11 март од 10,00-15,00 часот.
    Натпреварите по кошарка ќе се играат на 12 март од 10,00-15,00 часот.Контакт телефон: 078/254-433
    Или порака-Тамара Ѓорѓиевска

    Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) програмата, која претставува Национална алатка за регрутирање и задржување на волонтерите во редовите на организацијата на Црвениот Крст, изминатата година одбележа 16 години од процесот на својата имплементација на целата територија на Република Македонија. Во проектот вклучени се сите 34 Општински организации на Црвен крст во нашата земја, како и во градската организација на Црвен крст на град Скопје, преку кои се регрутираат млади волонтери на Црвениот крст на возраст од 14 до 18 години, кои добиваат соодветна обука за дисеминација, за културата на дијалог како основен предулсов на градење на интеркултурно општество, препознавање на потребите на заедницата и изработка на хуманитарен проект. Минатата година беа изработени рекордни 202 проекти за добробит на заедницата преку кои беа помогнати преку 3000 лица.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: