Хуманитарен турнир во мал фудбал

1

Општинската Организација на Црвен Крст Карпош во соработка со ученици од Клубот ,,Хумани срца ‘‘од СУГС ,, Никола Карев‘‘ и средните училишта ,,Кочо Рацин‘‘,, и ,Ѓорѓи Димитров‘‘ преку ЦКА-ПХВ програмата,организираат Хуманитарен турнир во мал фудбал.

Целта на овој турнир е да се соберат парични средства со кои ќе се помогне на социјално загрозено семејство од општината Ѓорче Петров.Самиот натпревар ќе се одвива во салата на СУГС “Кочо Рацин” на 20.02 и 21.02 од 10h до 14h.Каде самото училиште ја отстапи салата за овој хуманитарен турнир. Голема благодарност до директорката на самото училиште за овој хуман гест.

Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) програмата, која претставува Национална алатка за регрутирање и задржување на волонтерите во редовите на организацијата на Црвениот Крст, изминатата година одбележа 16 години од процесот на својата имплементација на целата територија на Република Македонија. Во проектот вклучени се сите 34 Општински организации на Црвен крст во нашата земја, како и во градската организација на Црвен крст на град Скопје, преку кои се регрутираат млади волонтери на Црвениот крст на возраст од 14 до 18 години, кои добиваат соодветна обука за дисеминација, за културата на дијалог како основен предулсов на градење на интеркултурно општество, препознавање на потребите на заедницата и изработка на хуманитарен проект. Минатата година беа изработени рекордни 202 проекти за добробит на заедницата преку кои беа помогнати преку 3000 лица. Ова година програмата е поддржана од CIRa во рамките на програмата Civica Mobilitas.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: