Хуманитарен турнир Одбојка

2

Кога? – 06-07.02.2016

Каде? – СОУ Св. Кирил и Методиј, Неготино

ФБ настан

“Со огромна чест би сакал да ве поканам на Хуманитарниот турнир во одбојка кој веќе втора година по ред го организирам со огромна желба.Успешниот прв турнир кој се случи февруари 2015 и на кој ја покажавме нашата хуманост како млади луѓе, ме натера и оваа година да ја продолжам традицијата, овој пат помасовно и поуспешно!

Ајде сите заедно на една убава пред сѐ, забава исполнета со дружба, музика и многу неизвесни натпревари.Да направиме убави моменти за паметење и преку игра и забава уште еднаш да докажеме колку нашето гратче знае да биде хумано.Нека нашата дружба биде исполнета со една иста цел, да помогнеме таму каде што е најпотребно.Сите наши срца да чукаат во ист ритам, ритам на човечноста.Нека салата биде исполнета со љубов и многу насмеани лица и сето тоа заедно да го споделиме и да им го подариме на социјално загрозените семејства во Неготино.Можеби насобраните средства ќе бидат малку во однос на потребите, но надежта и љубовта што ќе ја доделиме овие денови ќе биде еден мал почеток на една голема промена во сите нас, промена кон подоброто.Се надевам дека овој мал турнир ќе остане како една традиција долги години понатаму.

Па ајде сите одбојкари, рекреативци, ученици, професори, студенти, работници, пензионери, влијателни лица, слободни граѓани
СИТЕ ЗАЕДНО СО ЕДНА ИСТА ЦЕЛ ВО САБОТА ДА ГО ПОКАЖЕМЕ ВИСТИНСКОТО!!!

*ВАШИТЕ СРЕДСТВА ОДАТ ВО ПРИЛОТ НА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО

**Tурнирот е поддржан од:
-Општина Неготино
-Подрачната единица за труд и социјала – Неготино

***Спонзори на турнирот:
-Sinalco
-Авто-школа „15-ти ЈАНУАРИ”
-Бутик ЏОРДАНО
-Железара Антигона Метал
-Пицерија Ема
-Кафе Амаро
-Софра Вељанов
-Кафе бар Јоко
-Ресторан Балкански
-Печатница Графо-Штраф
-Центар за странски јазици “Wort”
-Рико-мак
-Клуб Акрополис
-Ресторан Чардак
-Блу кафе
-Кафе Ин
-Бизи бургер
-Менувачница Кеш
-Златара Ризинов
-Книжара Кодиком
-МиД Компјутери
-Продавница Буби

Турнирот започнува на 6ти февруари од 14 часот
► Екипата треба да се состои од 6 играчи(со можни замени)
► Пријавувањето на екипите може да се изврши преку
-Линк: http://goo.gl/forms/xlfG49eh0j
-Телефон: 075 / 930-288 – Димитар Аврамов
► Партиципација:300 денари од екипа
► Пријавувањето трае до сабота 12:00h
Влез:20ден

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: