ХУМАНИТАРЕН СЛЕМ НАСТАН ЗА ЈОЦЕ БЛАЖЕВСКИ

3

Комплетно превземено од Фб настанот:https://www.facebook.com/events/171946589811011/

Поетри слем Македонија со хуманитарен слем настан!!!

“Ве покануваме сите хумани луѓе, пријатели и вљубеници во убавата реч да дојдете да нè слушате, заедно да се забавуваме и низ песни и смеа да му помогнеме на Јоце да го реализира своето лекување во Русија.

КОГА? Сабота, 10. октомври.

КАДЕ? Во галеријата на Кинотека на Македонија.

КОИ? Елена Пренџова, Игор Трпче, Перо Сарџоски, Цвета Колева, Жаклина Филипова- Свеќаровска, Снежана Стојчевска, Тони Павлески, Виктор Јакимовски, Исток Улчар, Кети Јованова, Мила Гроздановска, Наде Поп-Гаврилова,Ристе Иракоски + отворен микрофон

КОЛКУ? Влезница 100 ден. СИТЕ СОБРАНИ СРЕДСТВА СЕ НАМЕНЕТИ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ЈОЦЕ ВО МОСКВА. Јоце Блажевски 28 год.дечко боледува од церебрална парализа. За неговиот последен третман со пресадување на матични клетки се потребни 13 000 ЕУ. Да донираме со влезница или пак во кутија за донации или пак на телефонските броеви:
ВИП: 077 143 314
Т-МОБИЛЕ: 070 143 109

ЗОШТО? Затоа што добро се чувствуваме кога добро правиме, најдобро кога добрината има позитивен исход. “

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: