Хуманитарен ракометен натпревар меѓу РК Металург и РК Борац од Бања Лука

2

Превземено од http://www.rkmetalurg.mk/

КОГА:  25-ти октомври (в сабота), со почеток во 20.15 часот

КАДЕ : СЦ Борис Трајковски, Скопје

“На 23-ти октомври, во 12 часот, почна продажбата на билети за натпреварот меѓу РК Металург и Борац од Бања Лука, кој ќе се одигра на 25-ти октомври (в сабота), со почеток во 20.15 часот, во СЦ Борис Трајковски.

Билетите се продаваат на сите продажни места на ОНЕ и онлајн преку www.karti.com.mk.

Цената на влезницата за овој натпревар е 100 денари.

Воедно, РК Металург ги повикува своите верни фанови да ни се придружат во хуманитарната акција за помош на д-р. Евица Бојаџиева на која и се потребни средства за да ја продолжи борбата против свирепата болест во странство.  Taa боледува од еден од најретките и најагресивни карциноми на црниот дроб Cholangiocarcinoma. Борбата со болеста Евица мора да ја води во RENKANG HOSPITAL, во DONG GUAN Кина. Цената на целокупниот третман, кој овозможува продолжување на животниот век и подобар квалитет на животот, изнесува 120000$.

Со купувањето на влезницата за саботниот натпревар во СЕХА лигата, меѓу РК Металург и Борац од Бања Лука, станувате дел од оваа хумана акција.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: