Хуманитарен полумаратон за Зоран Димов

3

Превземено од: фб.

Драги пријтели, на ден 26.12.2015 година (Сабота) со почеток во 10 часот, во градскиот парк во Скопје ќе се одржи Хуманитарен полумаратон за собирање фининсиски средства за нашиот пријател Зоран Димов. Го организираме овој настан за да искочиме во пресрет на овој голем човек и спортист кој пред неколку години имаше тешка сообраќајна несреќа при што се здоби со тешки скршеници на двете нозе. Оттогаш тој имаше серија на операции и е во постојан процес на опоравување кои него и неговото семејство го доведуваат во тешка финансиска ситуација.

http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/277/132944395

Настанот ќе биде од отворен тип и на него ќе може да учествува секој кој сака да помогне, без разлика дали ќе истрча 1 или 21км. Со оглед на карактерот на настанот, очекуваме секој учесник да учествува и во пополнувањето на окрепната станица, односно секој да донесе по нешто(банани, урми, вода, кока кола…)
Трчањето ќе биде во група која ќе трча во комфорно темпо.

Старт на трката- 10:00 (дискотеки Градски Парк)
Стартнина – 200денари

Напомена: Пријавувањето и уплатата ќе бидат на лице место, ве молиме да бидете на стартот најдоцна во 09:30 часот.
Секој учесник добива стартно бројче и благодарница во електронска форма.
На стартот ќе има и посебна кутија доколку некој сака да донира плус средства.

Се надеваме дека, ние, трчачката заедница ќе настапиме заеднички и дека ќе го покажеме хуманиот аспект на нашиот спорт.
Се гледаме на 26ти 🙂

 

жиро сметка за донации:

200002938557568 Стопанска банка – Зоран Димов

(при уплатата наведете шифра 562-уплата по донации)

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: