Хуманитарен настан „Животот за Кирил“

1

Преземено од ТУКА

КОГА: 28 ноември (сабота)

КАДЕ: Кафуле Спалато (на почеток на ул. Партизанска, дијагонално од Соборен Храм)

ЧАС: Од 12 – 15 часот

Училиштето за странски јазици ЛИОН, по повод американскиот празник Денот на благодарноста (Thanksgiving), организира хуманитарен настан за помош на малиот Кирил Пеев, кому на самиот почеток од животот – на 10-месечна возраст – му беше дијагностициран цистичен тумор на мозокот. Терапијата чини 150 000 евра, која родителите не се во можност да ја платат, така што се надеваат на каква било парична донација со цел да му дадат шанса на својот син.

Училиштето ЛИОН ги поддржува во тие напори и на 28 ноември (сабота), во кафулето Спалато (на почеток на ул. Партизанска, дијагонално од Соборен храм), од 12:00 до 15:00 часот организира хуманитарен настан на којшто учениците од ова училиште ќе ги изложат своите ракотворби и готварски специјалитети што ќе се продаваат, а средствата ќе бидат наменети за лекување на малиот Кирил. Дел од износот од испиените пијалаци исто така ќе биде наменет за лекувањето, а Ве поттикнуваме и да донирате средства за да му овозможиме на малиот Кирил што поскоро да си го живее непречено своето детство и да продолжи весело да си се смее, како на фотографијава.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: