Хуманитарен концерт за Стефанија Петрова во “Селект” во Струмица

4

Превземено од  На 12 февруари хуманитарен концерт во „Селект’’ за Стефанија Петрова

„Лео клубот’’ од Струмица во соработка со ноќниот клуб „Селект’’ на 12 февруари организира хуманитарен концерт за помош во лекувањето на Стефанија Петрова.

 Стефанија има четири години и мора итно да биде оперирана на Клиниката за детски болести во Софија. Овој операционен зафат на срцето изнесува 13800 евра, сума која што нејзиното семејство не може да си ја дозволи целосно. Сите собрани средства од влезниците, кои ќе бидат со симболична цена од 100 денари, ќе бидат донирани за спас на Стефанија која е голем борец и има огромна желба за живот.

Покрај тоа, сите може да донираат на трансакциската сметка на Стопанска банка: 200001711962789, на име Даница Петрова, и на донацискиот број на Т-mobile:070/143-181.
На хуманитарниот концерт ќе настапуваат Виктор Крстев, Александра Јанева, Јаворка Витанова и балканската ѕвезда во подем Трајче Ѓоргиев.
Ве покануваме сите заедно да помогнеме на малата Стефанија и сите заедно да се избориме за една прекрасна детска насмевка.


10947475_786457494771689_1066642264_n-500x666

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: