Хуманитарен концерт за спас на Кирил

2

Кога? – 02.03.2016, од 20 до 22 часот

Каде? – Н.У.Ц.К „Григор Прличев“ (Народен Театар Охрид)

ФБ Настан

На малиот Кирил, по татко охриѓанец, неодамна му е дијагностициран малиген тумор на левата хемисфера од големиот мозок. Лекувањето мора да започне идната недела во Израел, за што семејството треба да издвои 70 – 90.000 евра, во зависност од начинот на лекувањето. Да му помогнеме на семејството Митрески, кое се обидува на сите начини да ги обезбеди средствата за скапото лекување, со тоа што ќе ја наполниме големата сала во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид!

Цена на билет:150 денари

Средствата собрани од билетите за концерот ќе бидат донирани за помош на малиот Кирил. Истите можете да ги купите во:
Трафика Фибос (сред чаршија)
Музичка продавница Зизи Топ (стара рибарница)
како и на повеќе локации низ Охрид благодарение на волонтерите од Црвен Крст

На концертот ќе настапат:
Project: Smile, Dance, Love
„Камелеон“ Бенд
Ѓоко Танески + бенд
„Импровокоација“ шоу на Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипроски
кабаре„ 2Mothers Brothers“ – Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски

Водителка на програмата: Адријана Билаловиќ Тодороска

Голема благодарност до:
НУЦК Григор Прличев – Охрид,
OhridNews – Охрид
Астра Дизајн – Охрид
Labino Sound – Охрид
МЕГА Продукција – Охрид
Црвен Крст – Охрид
Impact group – Охрид

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: