Хуманитарен концерт за “Порака Наша”-Куманово

3

Текстот е комплетно превземен од Фб Профилот : https://www.facebook.com/porakanasa.kumanovo?fref=nf

Кога: 11 септември, четврток, 20 часот

Каде: Театар , Куманово

 

 “НЕДА ГАВРИЌ (ОНТАРИО) КАНАДА, В ЧЕТВРТОК (11 СЕПТЕМВРИ) ЌЕ ОДРЖИ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО ТЕАТАРОТ ВО КУМАНОВО.
КОНЦЕРТОТ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ВО 20 ЧАСОТ, А СИТЕ ДОБРОНАМЕРНИ И ХУМАНИ ЛУЃЕ СВОЈ ПРИЛОГ МОЖАТ ДА ОСТАВАТ НА ВЛЕЗОТ ВО ТЕАТАРОТ (50 ДЕН.), ЗА ДЕЦАТА БЕСПЛАТНО. 
ЧУДЕСНИОТ ГЛАС, ШТО ДОПИРА И ЈА БУДИ СЕКОЈА ПОРА НА НАШЕТО БИТИЕ, ТОЛКУВАЊЕТО НА ПЕСНАТА И ФРЕКВЕНЦИИТЕ ШТО НЕДА ГИ НОСИ, КАКО И ЉУБОВТА, ДОБРИНАТА И БЛАГОРОДНОСТА СЕ САМО ДЕЛ ОД ОНА ШТО ЌЕ ГО ПОЧУВСТВУВАТЕ ДОКОЛКУ НЕ ГО ПРОПУШТИТЕ ОВОЈ НЕСЕКОЈДНЕВЕН НАСТАН.
„ЗАЈДИ,ЗАЈДИ“, „МОРЕ СОКОЛ ПИЕ,“ „МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ“ И УШТЕ МНОГУ ДРУГИ, НЕДА ЌЕ ГИ ИСПЕЕ ВО ПРИДРУЖБА НА КАВАЛОТ НА СЛАЃАН СТАНИШКОВСКИ И ОРКЕСТАРОТ „ТОСКА“ ПРИ ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА „ТРАЈКО ПРОКОПИЕВ“.
ЗА ВЕЧЕРТА ДА БИДЕ ПОВЕСЕЛА ЌЕ ЗАТАНЦУВААТ И МАЛИТЕ БАЧЕРИНИ ОД БАЛЕТСКОТО СТУДИО „УЛТРА“.
ВОДИТЕЛ НА КОНЦЕРТОТ ЌЕ БИДЕ КРИСТИНА КРАЉЕВСКА МЛАДА И ПЕРСПЕКТИВНА НОВИНАРКА.
СРЕДСТВАТА ШТО ЌЕ БИДАТ СОБЕРЕНИ НА КОНЦЕРТОТ ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ НА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР „ПОРАКА НАША“ ВО КУМАНОВО.
НЕДА ГАВРИЌ, ГОЛЕМА ХУМАНИСТКА, ИНТЕРПРЕТАТОРКА НА ПЕСНИ ОД РАЗНИ ЖАНРОВИ, НА ПОВЕЌЕ ЈАЗИЦИ, НЕ ГИ ДЕЛИ ЛУЃЕТО ПО НИТУ ЕДЕН ОСНОВ. ЗАТОА КУМАНОВЦИ, ОД СИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ, ВЕРСКИ И ПОЛИТИЧКИ ОПРЕДЕЛБИ, НАЈДЕТЕ ВРЕМЕ И ПОВЕЛЕТЕ.
ПОВЕЛЕТЕ, ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ЈА ПОЗИТИВНАТА ЕНЕРГИЈА И УЖИВАЈТЕ ВО БОЖЕНСТВЕНИОТ ГЛАС НА НЕДА ГАВРИЌ.
БЛАГОДАРАМ!”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: