Хуманитарен концерт за Никола Вулетиќ

1

“На 29 – ти април ќе се одржи хуманитарен концерт за Никола Вулетиќ во големата сала на центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. На сцената ќе настапат Дарко Тодоровски – баритон,  Анастасија Грговска – пијанист и Оскар Ереш-гитарист од Србија. Тие ќе се претстават со делата од Лист, Шуберт, Дебиси, Доницети, Бариос, Моравски и Бах. Идејата на овие млади уметници е да организираат настан во сопствена режија со цел да донираат средстава за Никола Вулетиќ.

Влезниците ќе бидат во продажба од среда по цена од 100 денари. Истите ќе бидат дистрибуирани и до училишата за  да можат и младите да бидат дел од оваа хуманитарна акција. Влезниците ќе бидат достапни на билетарата во кумановскиот центар за култура, но исто така ќе можат да се најдат и во етно-ресторанот „Баба Цана“, „Ирскиот паб“, и кафе барот „Кашмир“.”

Веста е превземена од Plostad.com.mk

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: