Хуманитарен концерт за Ивана Прочкова

1

Кога? – 27.02.2016 (сабота) со почеток од 18:00 часот

Каде? – Основно училиште “Петар Мусев„ – Богданци

ФБ настан

“Здружение Културно Уметничко Друштво “Бранд Петрушев„ – Богданци организира ГОДИШЕН ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ кој ќе биде наменет за Ивана Прочкова од Богданци која боледува од сколиоза (искривување на ‘рбетот) од најрана возраст. Ивана денес има 9 години и потребно е да направи операција вo Неустад, Германија која чини 50.000 евра. Семејството на малата Ивана не е во состојба сами да ги соберат потребните средства и ве замолуват за помош. Парите од концертот ќе бидат наменети за ИВАНА. Ние како фолклорни уметници сакаме да помогнеме на оваа семејство дали би го сториле и вие тоа. Драги пријатели бидете и вие дел од оваа хуманитарна акација и бидете хумани подадете ја својата рака за малата ИВАНА. Гости на вечерта ќе ни бидат нашите гости од Р.Србија Г.К.У.Д “АЛЕКСИНАЦ„ од Алексинац, Ф.С “ЕТНОС„ од Скопје и ГРАДСКИ ХОР од Богданци. Концертот ќе се одржи во Основното Училиште “Петар Мусев„ – Богданци на ден 27.02.2016 (сабота) со почеток од 18:00h со КАРТА од 50 ДЕНАРИ за децата под 16 години влезот е бесплатен.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: