Хуманитарен концерт за Евица Бојаџиева во Клуб “Mustic” во Штип

1

Да присуствуваме, да помогнеме!!!

КОГА: Четврток, 23 октомври 2014, почеток 20:00 часот

КАДЕ : Клуб “Mustic” во Штип

Извор: Помош за д-р Евица Бојаџиева

 

Најпотребно на човекот е човековата подадена рака. Раката што нуди топлина, сочуство, братство. Секогаш кога ќе сме во ситуација некому да му подадеме рака за спас да му ја подадеме зашто само човекот може да му помогне на човекот. Затоа нека бидеме сите братски расположени, нека бидеме она што во природата на човекот го има, добрината, сочуствувањето и нека помогнеме со скромни средства нашата драга сограѓанка д-р Евица Бојаџиева повторно да испраќа здрава насмевка кон своите најблиски, но и кон светот што во овој миг на болка братски ја прегрнува.

На ден 23 октоври (четврток) во клуб „МИСТИК“ Штип со почеток во 20 часот за прв пат ќе се одржи најголемиот хуманитарен концерт досега. Ќе настапат голем број популарни музичари и актери. Својот музички настап прв го најави а прв што го најави Урош Туркулов од X-Фактор.

Организаторот Миро Кацаров, вели дека картата ќе чини само 100 денари и со секоја купена карта помагате на д-р Евица Бојаџиева. Средствата собрани од продажба на пијалоците исто така ќе се донираат за операцијата што треба да се изведе во Кина, на д-р Бојаџиева.

Присуството на концертот, односно со купениот билет давате сериозен прилог кон успехот на оваа хумана акција. Доколку не сте во можност да присуствувате на хуманитарниот концерт, можете да донирате на следните броеви. Секој повик изнесува донација од 100 мкд

ONE – 075 143 200

T-mobile – 070 143 108

Vip – 077 143 702

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: