Хуманитарен Концерт ЗА БОБАН

5

Превземено од фб.

Студентите од Факултетот за музичка уметност повторно со својот ентузијазам организираат хуманитарен концерт на 27.10.2016 со почеток од 20:30ч во концертната сала на факултетот. На програмата ќе бидат изведувани дела на Моцарт, Доницети, Сен Санс, Шуман, Пучини и други. Билетот за концертот изнесува 100 денари и посетителите истиот ќе можат да го купат на самиот влез пред концертната сала. Ако музиката ја има моќта да сплотува тогаш заедно да бидеме дел од сплотеноста за потребната помош на Бобан Теовски, 29-годишно момче кај кого е дијагностициран (АДЕНОИДНО ЦИСТИЧЕН КАРЦИНОМ) редок вид на карцином. Поради агресивноста на болеста, по оперативната интервенција неопходно е третманот и лекувањето да продолжат на онколошкиот центар во Истанбул-Турција (Neolife Oncology Center). Средствата кои треба да ги овозможи семејството за хоспитализација, патни трошоци и дво-месечен престој додека трае лекувањето се над реалните можности. Поради тоа, Ве замолуваме да бидете хумани и да донирате.

Вашето малку за некому ќе значи верба, надеж, ЖИВОТ…… Ви благодариме !

Сметка за донации: Број на сметка 200002389989006 Корисник Бобан Теовски Шифра за донација 562 Банка Стопанска банка АД Скопје

Броеви за донации:

Корисници на Телеком 070 143-153

Корисници на Вип/Оне 143-466

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: