Хуманитарен концерт „По патеките на Тоше“

3

Преземено од фб настанот за концертот.

Кога? – 25.01.2016 год. (понеделник), 20:00 часот

Каде? – Спортска сала СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

“Почитувани сограѓани,
Тоше Илиев од Кочани традиционално четврта година по ред ќе го организира хуманитарниот концерт „По патеките на Тоше“.
Во изминатите три години, Илиев преку овој настан обезбеди парични средства за помош на наши сограѓани. Оваа година собраните парични средства од концертот ќе бидат наменети за Методи Митев од Кочани, за неговата операција во Кина.
На овогодинешниот концерт ќе настапат познати музички имиња од Македонија како што се:
АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ
ЈОЦЕ ПАНОВ
МАРТИНИЈАН КИРИЛОВСКИ
ДЕЈВИД СТОЈКОВ
ИЛЕ ПЕТРОВСКИ
АЛЕН ХАСАНОВИЌ
РАДА ЈАНЕВСКА
РЕНАТА КРАЛЕВСКА
ЈОРДАН МАНОВ
ДАРКО ТОНЕВСКИ
ОЛИВЕР СТАМЕНКОВ
БОЈАН АНДОВ
САЊА ЛЕФКОВА
ДАНИЕЛ САВИЌ
КОКИ И ТАЈФАТА
БРАНКИЦА СВИРКОВ
СИМЕОН ИВАНОВ КАНГО
ХАРЕМ
FULL BAND
KRYPTON … и многу други.

Концертот е поддржан од Општина Кочани.
Во организацијата на концертот се вклучени и младинските организации од двете средни училишта во Кочани:
М.О. „Авангарда“ – СОУ „Гошо Викентиев“
М.О. „Единство“ – СОУ „Љупчо Сантов“

Се надеваме дека и оваа година со вашето присуство ќе ја наполниме салата до последно место и ќе уживаме со нашите музички имиња, истовремено знаејќи дека сме дел од една голема хуманитарна цел.

Датум: 25.01.2016 год. (понедленик)
Почеток: 20:00 часот
Локација: Спортска сала СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани
Влез: 100 ден.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: