Хуманитарен концерт на Тони Китановски Трио за настраданите во поплавите

3

Превземн од РАДИО МОФ

“Триото на Тони Китановски најавува хуманитарен џез концерт во среда (11 февруари) во скопскиот клуб „Jazz Inn“ на кој ќе се собираат пари за помош на луѓето кои настрадаа во поплавите.

Сите собрани средства, најавуваат од Триото, ќе бидат донирани на една од отворените жиро-сметки од Црвениот крст.

Влезница нема да се наплаќа, но на самиот влез ќе биде поставена кутија означена со симболот на Црвен крст. Триото е составено од Тони Китановски – гитара, Виктор Филиповски – тапани и Кирил Туфекчиевски – бас.

– See more at: http://www.radiomof.mk/humanitaren-koncert-toni-kitanovski-trio-za-nastradanite-vo-poplavite/#prettyPhoto

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: