ХУМАНИТАРЕН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР ВО КОЧАНИ: „ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ДАНИЕЛ МИТКОВ„

7

Фудбалските ветерани, некогашните репрезентативци на Македонија го покажаа своето големо хумано срце. 

По сознанијата дека во Кочани се организираат фудбалски турнири и музички концерти се со цел да му се помогне на нашиот сограѓанин Даниел Митков кому неопходни му се 25.000 Евра, средства кои ќе бидат искористени за неговата операција и рехабилитација што треба да се изврши во WU Medical Centar во Пекинг (НР Кина), се огласија преку сајтот на ФФМ.

По тој повод закажан е хуманитарен фудбалски натпревар на кој едни спроти други ќе играат некогашните репрезентативци на Македонија и ветераните на „Осогово“. Имињата на: Тони Мицевски, Ќириќ, Ѓорѓи Христов, Ставревски, Џипунов, Станојковиќ, Савов, Јовановски, Шаќири, Седлоски и други јасно покажуваат со каков квалитет ќе допатуваат во Кочани ветераните на фудбалската репрезентација на Македонија.

Натпреварот ќе се одигра во Недела (27.07.2014 година) на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со почеток во 18:30 часот. Влезниците за овој хуманитарен натпревар се со симболична цена – 50,00 денари.

Да покажеме дека кочанчани се хумани луѓе. Да го наполниме во недела стадионот „Никола Мантов“ бидејќи така ќе му помогнеме на еден млад наш сограѓанин а и ќе ја вратиме вербата во фудбалот.

Ајде сите во недела на натпревар.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: