Хумана акција за собирање на помош за семејството Јошеви

5

Информацијата е комплетно превземена од Дневник.

“Хуманитарна акција за помош на семејството Јанкови од струмичко Смоларе ќе се одржи на 24 Мај в сабота на паркингот кај катната гаража „Зебра“ во Kапиштец!

Планирано е акцијата да почне во 9, а да заврши до 14 часот, а граѓаните што ќе бидат во можност да донираат за ова семејство помошта ќе треба да ја оставаат пред возилата на компанијата МПМ, која ќе го врши превозот до семејството во Смоларе.

На семејството му е потребна помош во пелени за возрасни, поголем број, храна која може да трае подолго (макарони, грав, леќа…) и хигиенски прибор.

Оваа акција ги поттикнаа читателите на „Дневник“, кои ги допре немаштијата на Јанкови. Повеќе од три илјади граѓани преку социјалните мрежи и интернет-страницата на „Дневник“ најавија помош за ова семејството.

Јанкови живеат во куќа низ која лесно продира студ и ветер, без вода и струја. Живеат во трошна куќа, во струмичкото село Смоларе, ѕидана со кал и прачки, со голем дрвен чардак и скапани греди.

Таткото Платон, мајката Надежда и двете болни деца, Атанас и Благица, живеат во една соба која излегува на чардак со греди што скапале од старост, а во собата под нив, во приземјето, живеат нивната коза и неколку кокошки. И покрај сиромаштијата, нивната болна приказна е исткаена и со посебната родителска љубов кон неподвижните деца.”

Организатор е Марија Тасев, и текстот е комплетно нејзин.

Група на Фејсбук Pomos za semejstvoto Jankovi od Smolare

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: