Хумана акција на дарување книги “Дарувај книга- дарувај пријател!”

2

Fb настан: ДДарувај книга- дарувај пријател!арувај книга- дарувај пријател!Дарувај книга- дарувај пријател!

Деновите од третата доба од животот многу често знаат да бидат осамени. Има денови кога сите забораваат на постарите луѓе….Да ги збогатиме нивните денови со убавина, со топли зборови, да ги збогатиме со книги, многу често нивниот најдобар пријател…

Здружението “Хуманост без Граници “- тимот на “ДОНАЦИИ” и Клубот “Матица”се мобилизираат во урбана мисија, да го разбудат Скопје.
Заедно oрганизираме урбана собирна акција на книги. Повикот е отворен за сите граѓани кои сакаат да ги разубават осамените денови на старите лица, кои се сместени во домот за стари лица “Мери Терзиева”.

Сите имаме дома некои книги кои веќе сме ги прочитале. Некаде во некои кутии на таванот, или пак фаќаат прашина на полиците. Ајде да ги направиме ДОБРО ДЕЛО.
Секоја книга е вредна и секоја има свој читател. Немојте да сметате дека некои книги не се вредни за донирање. Едноставно-спакувајте ги и донесете ги. Ние ќе ве пречекаме пред Спомен Куќата на Мајка Тереза, во сабота, 17 мај, од 12;00 до 15:00 часот, и потоа-ќе ги предадеме на домот за стари лица “Мери Терзиева” . И сите заедно- ќе направиме ДОБРО ДЕЛО- ќе ја разбиеме осаменоста!

***”Дарувај книга-дарувај пријател” e дел од проектот “Скопје се буди” кој на територијата на Град Скопје го спроведува Здружението “Хуманост без Граници”. Истиот се реализира преку повеќе урбани собирни акции за социјални семејства и различни институции, кои имаат потреба од средствата кои се предмет на урбаните собирни акции.

Целта е една- ДА ЈА РАЗБУДИМЕ ХУМАНОСТА НА СКОПЈАНИ. Ајде сите да го правиме тоа!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: