“Hold a hand, touch a heart” за дечињата болни од аутизам

3

Превземено од фб настанот:HOLD A HAND-TOUCH A HEART

Интернаионалната детска градинка “St.Paul” од Скопје и Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“во хумана мисија <3

“Ние, децата од „СЕНТ ПОЛ“ и здружението „Во мојот свет“ ве покануваме на отворениот добротворен настан „Подајте рака, допрете срце“ кој ќе се одржи во сабота, 20 декември 2014 година во Сити мол, втор кат од 12 до 20 часот.
Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“ од Скопје (http://www.vomojotsvet.org.mk/) во својата програма за 2015 година планира да основа Дневен центар за деца со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром во Скопје. Преку овој јавен добротворен настан сакаме да им помогнеме на нашите пријатели во реализирањето на нивниот план така што ќе мобилизираме средства, но уште поважно, ќе ја зголемиме свеста за добрата работа што ова здружение ја прави.
Ние, децата од „СЕНТ ПОЛ“, со безрезервна поддршка од нашите воспитувачи и родители, изработуваме интересни и корисни артикли коишто ќе бидат на продажба на овој настан. Се радуваме на поддршката што ја добивме и од други организации и поединци кои ќе бидат исто така присутни на настанот. Ќе имаме и креативни изведби од наши пријатели од други училишта. Собраните средства од настанот ќе ги донираме на „Во мојот свет“ за да им помогнеме во градењето на дневниот центар за нашите пријатели.
Би сакале да бидете дел од овој настан и да ја поддржите оваа благородна кауза.

Ве молиме дојдете, подајте рака и допрете срце!”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: