Хип Хоп Акција! [Dj Goce,Oky Doky,Strajk,Ilic,Drags] Хуманитарна забава @ Club Scorpius

4

Информацијата е превземена од фб настанот Хип Хоп Акција! [Dj Goce,Oky Doky,Strajk,Ilic,Drags] забава @ Club Scorpius

Тетовчани повторно со хуманитарна забава за Томче Костадиноски.

Во Недела, од 21:00 часот во Club Scorpius.

Ве чекаме!

Хуманоста на дело!

Tомче Костадиноски боледува од Душенова мускулна атрофија, а болеста му била дијагностицирана кога тој имал околу 6 години. Симптомите кои се јавувале кај малото момче не навестувале дека ќе боледува од тешка болест.

Сега и Училиштето е посебно место за 14 годишниот Томче Костадиноски од тетовско Долно Седларце. Без разлика на временските услови ова момче сака да биде меѓу своите соученици и да го открива светот на науката и знаењето. Но додека неговите другарчиња се на часот по физичка култура во спортската сала, Томче е во својата количка за движење и заедно со едно другарче во училницата стрпливо чека на новиот час.

За болестта на Томче, семјството Костадиноски барале решение во речиси сите државни и приватни здравствени установи во државата, но решение не е понудено. Светло точка е позитивното искуство на малиот Стефан од Скопје, кој се лекувал во Кина.

Медицинскиот центар за матични клетки “Ву” во Пекинг овозможува лекување на болестта Душенова мускулна атрофија, а четири неделниот третман за операција, имплантација на матични клетки, физотерапија, медицински услуги, пат и сместување чини 45.000 долари. Костадиновски апелираат до сите хумани луѓе, да помогнат за посветла иднина на нивниот син.

Да му помогнеме на младото момче со несебична хуманост. Сите уплати можат да се направат на жиро сметката на Тутунска Банка 2107000006116-24, со назнака за лекување на Томче Костадиноски.

Медицинскиот центар за матични клетки “Ву” во Пекинг овозможува лекување на болестта Душенова мускулна атрофија, а четири неделниот третман за операција, имплантација на матични клетки, физотерапија, медицински услуги, пат и сместување чини 45.000 долари. Костадиновски апелираат до сите хумани луѓе, да помогнат за посветла иднина на нивниот син.

Да му помогнеме на младото момче со несебична хуманост.

Сите уплати можат да се направат на

жиро сметката на Тутунска Банка 2107000006116-24, со назнака за лекување на Томче Костадиноски

или на девизна сметка

Tomce Kostadinoski

Iban code: MK07210501674621435

Swift: TUTNMK22

Bank Name: NLB TUTUNSKA BANKA A.D. SKOPJE Bank Adress: Majka Tereza br.1

 

Број на донации од

VIP : 077 143 706

T-Mobile : 070143113

ONE : 075 143 424

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: