Голема завршна хуманитарна изложба по повод 25 години Савана

1

Превземено од pixel.mk

“6 ноември (петок) е денот кога сте официјално поканети на големата завршна изложба на предизвикот #СаванаСпомени во хотел Континентал, која ќе трае од 19:30 до 21:30 часот, а ќе бидат изложени сите 100 најдобри фотографии од вашите спомени од патувања.

Фотографиите од наградниот конкурс, ќе бидат изложени и понудени на аукција, и истите ќе можат да се откупат по почетна цена од 1.000 денари. Средствата ќе се донираат во СОС Детско село.

Финалистите можете да ги погледните на следниот линк, а за да ја резервирате вашата омилена фoторафија пратетe мејл на booking@savana.com.mk.

Средствата се уплатуваат директно на ж-ска на СОС Детско село 210-055217-3401-87 во НЛБ Тутунска Банка.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: