#ФондотЗаТамара – Хуманитарен концерт за Тамара Димовска

9

Кога: 27 ноември 2014, 20: 00 часот

Каде: Спорска сала “Гемиџии” во Велес

Под мотото #ФондотЗаТамара , група граѓани На 27 ноември 2014 годин во 20:00 часот во спортската сала “Гемиџии” во Велес организира Хуманитарен концерт за помош на малата Тамара Димовска на која и е потребно итно заминување на операција во Хрватска.
На концертот ќе настапуваат: – Даниел Кајмакоски – Наде Талевска – Роберт Билбилов – Rennata – Александар Тарабунов – Викторија Лоба – Димитар Андоновски – Наташа Малинкова – Мики Секуловски – Нина Јанева – Александар Белов – Виктор Апостоловски – група Виртус – група Соната – Татјана Лазаревска – Новица Василевски – Перо Пандиловски – балетско студио Анабела
Водители: – Огнен Јанески и Марија Лазовска
Влезници може да се купат на следните локации: – тобако Јосе 1/2/3 – кафе Капри – салон Асторија (трговски центар) – кафе Паладиум – Фине – Дака Фешн – на касата од спортската сала во текот на целиот ден на концертот.

Да присуствуваме, да помогнеме едно прекрасно девјче да добие живот каков заслужува!

Тамара Димовска има 9 годинки и вродена маана на Рбетниот столб.

Првата операција на Тамара беше извршена тука во Македонија пред 2 години. Родителите тогаш за прв пат се обратија за помош до сите хумани луѓе но сега поради немање доволно апаратура тука, Тамара треба повторно да оди на операција во Хрватска каде што чини 30. 000 евра.

Телефонски броеви за донации

T-Mobile- 070143115

Вип : 077143123

ONE: 075143424

Трансакциска сметка за донации: 380477149401140 Прокредит банка Велес на име Тамара Димовска

Девизна сметка: НЛБ Тутунска банка АД Скопје, улица: Водњанска бр 1 Скопје, Македонија IBAN CODE MK 07210501622216118SWIFT TUTNMK 22

Нашиот апел за помош на Тамара е на следниот линк

http://www.donacii.mk/baram-pomos/aktivni-apeli/apel-za-pomosh-na-tamara-dimovska/

Хуманитарен настан на Фб: Голем Хуманитарен концерт за Тамара

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: