Есенско собирање на донации („Вистински Дела На Љубезност“)

5

Преземено од фб.

Вистински Дела На Љубезност

Навлегуваме во период од годината кога температурите значително се намалуваат и доведуваат до отежнато секојдневие на бездомниците и социјално загрозените лица.

Нивните потреби од храна, топла облека и останато се повеќе се зголемуваат, а достапноста до истите е се по ограничена.

За таа цел, во пресрет на нивните потреби организираме есенско собирање на донации во храна, средства за лична хигиена, средства за чистење, зимска облека и обувки, кебиња, постелнина и душеци. Истите ќе бидат наменети за бездомници, самохрани мајки, социјално загрозени семејства и поединци, вклучително и загрозените семејства од поплавениот Скопски регион.

ЕСЕНСКОТО СОБИРАЊЕ НА ДОНАЦИИ ќе се спроведе на три локации во различни денови во текот на Октомври и Ноември. Првиот собирен пункт ќе биде активен два дена и тоа:

ВЕРО ЏАМБО 16.10.2016 (недела) 10:00-20:00 часот

ВЕРО ЏАМБО 19.10.2016 (среда) 12:00-20:00 часот

Апелираме до сите добронамерни луѓе, кои имаат желба да дадат дел од себе – да им помогнат на луѓето кои се во потреба, да се вклучат во овој настан преку донирање на работи од горенаведената листа.

За успешно спроведување на сите активности неопходно е вклучување на волонтери кои ќе дадат свој допринос. Неодамна бевме сведоци на несебичното вложување на маса млади луѓе, кои безусловно се дадоа себеси во функционирањето на собирниот пункт за помош на поплавените населени места во Скопје.

АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО да допринесеме за олеснување на секојдневието на нашите сограѓани на кои им е неопходна нашата помош.

ВАШИТЕ ДОНАЦИИ И ВКЛУЧЕНОСТ СО СИГУРНОСТ ЌЕ НАПРАВАТ ПОЗИТИВНА ПРОМЕНА ВО ЖИВОТИТЕ НА ОВИЕ ЛУЃЕ КОИ ИМААТ ПРАВО НА ПОДОБАР ЖИВОТ.

____________________

Ги замолуваме сите волонтери да одберат во кој(и) термин(и) би сакале да се вклучат, од понудените четири опции.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: