Eat, Love, Dance + Donate #заСАЊА @Menada

3

Кога: 10.01.2016г во 21:30ч

Каде: Менада-Скопје

Продолжува борбата за да се соберат дел од средствата потребни за нашата другарка Сања Кухар. Поради тешки повреди добиени во сообраќајна несреќа во 2009 година Сања, долго време е во многу тешка состојба. Во последно време состојбата ѝ е влошена и поради тоа таа мора итно да оди на операција во Бамберг, Германија.
Оваа недела, како дел од серијата настани под мотото #заСАЊА, во подрумот на култниот простор на Менада, Ве покануваме на уште еден хуманитарен, музички, визуелен, а овој пат и густативен настан, со цел да ѝ помогнеме на Сања. Со особена годрост и благодарност на нивната хуманост, ви ја преставуваме програмата на настанот и одговорните лица.

Музика:
Onija
Minstrel’s Gallery
Цветот на DJ сетот San&Green

Ракотворби:
Преплет
Андреа Б.
Марија Јанкова

Фотографии:
Верче Стефановска
Лилика Стрезоска

Цртежи:
Марко Георгиевски
Стоилчо Георгиевски

Храна:
Василка Стефановска
Бојан Иванов
Менада
Лира Смиљаноска

Ракотворбите, цртежите, храната и фотографиите ќе се продаваат, а сите средства ќе бидат донирани на семејството Кухар.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: