“ДОНИРАЈ И ПОДАРИ НАСМЕВКА!” во Струмица

4

 Превземено од фб евентот : “ДОНИРАЈ И ПОДАРИ НАСМЕВКА!”

KОГА : САБОТА, 4 април 2015, 11-16 часот

КАДЕ: ПЛОШТАД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, СТРУМИЦА

ОРГАНИЗАТОР: Leo клубот заедно со Lions клубот од Струмица 

НАМЕНЕТО ЗА : посебното училиште „Климент Охридски“ во Ново Село

 

“Leo клубот заедно со Lions клубот од Струмица уште еднаш на дело ја покажуваат својата хуманост и одговорност кон општеството.
Под мотото „Донирај и подари насмевка“ клубовите ќе организираат хуманитарен настан за децата со посебни потреби од сите возрасти кои престојуваат во посебното училиште „Климент Охридски“ во Ново Село. 
Преку донирање на облека, обувки, панталони, играчки и парични средства сакаме да го подигнеме нивото на свест за еднаквост кај граѓаните. 
Настанот ќе се одржи на 4 Април на градскиот плоштад Гоце Делчев во Струмица со почеток од 11:00ч до 16:00ч, каде што ќе биде поставен штанд на кој граѓаните ќе можат да донираат облека, обувки, панталони, играчки и парични средства. 
Да помогнеме на оние на кои најмногу им треба нашата помош!”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: