Добротворна акција за Светскиот ден на храната

4

Превземено од: фб.

Датум: 16.10.2015 Време: 12:00ч-19:00ч Место: Зебра Центар-Скопје

Обележувањето на Светскиот ден на храната, 16 октомври е можност заедно да испратиме силна порака кон луѓето за сочувство и хуманост во борбата за искоренувањето на гладтта и сиромаштијата која што постои во голем дел од светот но и во нашата земја. Дојдете и учествувајте, донирајте храна за загрозените семејства, во ПЕТОК, Тинекс – Зебра (16.10.2015) на нашиот штанд кој ќе се наоѓа во самиот маркет. Штандот ќе биде отворен од 12 до 19 часот.За сите дарители на минимум 3 прехранбени продукти следува награда од нашиот пријател и донатор модната конфекција Албатрос од Штип.Бидете дел од промената која што сакате да се случи во светот!
Да почнеме од себе и нашата околина, да ги поттикнеме човековите вредности кај луѓето за да создадеме подобар свет во кој што сакаме да живееме!
Инфо: 071/98.10.11

Повеке информации на нашите ФБ страни:
• Коалиција боите на животот www.facebook.com/Коалиција-Боите-на-животот
Уметност на живеење https://www.facebook.com/artoflivingmacedonia
• СУНА Скопје //www.facebook.com/sunamk.org
• АРТ Лајф Скопје //www.facebook.com/Art-Life

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: