Добротворна акција во Велес за собирање донации за седумчленото семејство Давчевски

7

Драги пријатели, да земеме учество во Добротворната акција за собирање донации за седумчленото семејство Давчевски од Велес, на кои во пожар им изгоре куќата до темел, ќе биде организирана во сабота, 08-ми ноември.

Акцијата ја организира Здружението на граѓани „Уметност на живеење Македонија“.

Сите хумани луѓе ќе можат да ги донесат своите донации во продавницата на Биокосмос-Велес, наспроти Гимназијата,

во сабота, од 8-21 часот. 

На Велибор Давчевски со сопругата Ленче и четирите малолетни деца приоритетно им треба храна, облека, мебел и бела техника. Ним им треба дом и огрев. 

Вашата  помош е многу значајна за малите Тина, Сара, Стефан и особено месец ипол старата Ивана. Ним им треба млеко, храна за деца, памперс пелени, влажни марамчиња. Децата немаат ниту гардероба. Облека им треба и на таткото Велибор и мајката Ленче.

Семејната куќа на Велибор и Ленче Давчевски во населбата Керамидна изгоре во пожар на 01-ви ноември околу 9 часот наутро. Со брза интервенција на протвпожарната екипа, пожарот беше изгаснат, но причинета е огромна материјална штета. Единствена среќна околност е што се спасени четирите малолетни деца кои спиеле кога се случила несреќата.

Апелот за помош е наследниот линк :

http://www.donacii.mk/baram-pomos/aktivni-apeli/apel-za-pomosh-na-opozharenoto-semejstvo-davchevski-od-veles/

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: