Завршена добротворна акција – помош за чичко Кире

1

Превземено од Фб профилот на Коалиција Боите на животот

“Добри луѓе,

Ве повикуваме да ни се приклучите во акцијата за собирање на хуманитарна помош за чичко Киро, чиј стар дом неодамна го посетија нашите волонтери. Да донираме покуќнина за новото мало живеалиште на чичко Кире во Порта Влае. Столици, мала трпезариска маса, мала комода за во кујна, елементи за кујна, корнизи, елемент за во бања, машина за алишта, храна…. Чичко Кире добива месечна пензија од 7.200,00 денари од кои до сега плаќаше 3.000,00 денари кирија во старото живеалиште.
Бара работа иако има одреден степен на инвалидитет. Порано работел молер, мајстор за гипс картон, машински словослагач, чевлар.
За каков било придонес во оваа акција може да ја контактирате
Елена: 070 44 18 44.

РАДОСТ Е КОГА ДАВАШ!

ФБ настан

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: