Дајте му поддршка на ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ДРАМСКИ ФЕСТИВАЛ ЗА ЛИЦА СО И БЕЗ ХЕНДИКЕП “ ИГРИ БЕЗ МАСКА“ – ТЕАТАР БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА

1

Преземено од тука

ТРАДИЦИОНАЛЕН ДРАМСКИ ФЕСТИВАЛ ЗА ЛИЦА СО И БЕЗ ХЕНДИКЕП “ ИГРИ БЕЗ МАСКА“ – ТЕАТАР БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА

Национален избор – ноември

ОРГАНИЗАТОР: Здружение на граѓани за промоција и развој на регионите  „СВЕТ НА РАЗЛИЧНИ А ЕДНАКВИ“ -Скопје.
ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР – Гордана С. Момироска
УМЕТНИЧКИ ДИРЕКТОР – Снежана К. Руси
ВОДИТЕЛИ – Ирена Спировска и Татјана Стојановска
МЕСТО И ДАТА НА ОДРЖУВАЊЕ – 22 и 23 НОЕМВРИ, 2015год – Драмски Театар –Скопје
– 6,7 и 8 АПРИЛ, 2016 год. – Македонски Народен Театар – Скопје

ОСНОВНА ЦЕЛ
-остварување и заштита на образовните, културните, спортските, економските, хуманитарните и други права на инвалидните лица во РМ
-целосна интеграција на лицата со интелектуална и физичка попреченост и заштита на правото на достинство.
-унапредување на квалитетот на животот на инвалидните лица во целокупната општествена заедница.


ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
Извлекување на инвалидните лица од секаков вид изолација, нивна анимација, вклучување и ангажирање во низа активности во согласност со нивните можности и оптимално негување на потенцијалот на секоја индивидуа со попрецености.


ОРИГИНАЛНА ИДЕЈА – ИНКЛУЗИЈА “ОД ИГРА ДО ПРЕТСТАВА“
Ова е прв драмски фестивал од ваков вид на Балканот, со единствена цел – инклузија на лицата со инвалидност и отворена можност за нивно креативно изразување.
Интеграцијата на лицата со хендикеп со други млади луѓе (ученици, студенти, волонтери), како и ментори и обучувачи ќе им овозможи културно да се издигнуваат себе си и да се почувствуваат корисни како дел од пошироката заедница.

ФОКУС ГРУПИ ЗА УЧЕСТВО И ОБУКИ
Деца и младинци со и без хендикеп од: редовните основни и средни училишта; посебните училишта; корисници на центри и заводи за нега и грижа на лица со ПП без ограничување на возраста; домови на културата; приватни студија; здруженија на граѓани, активисти за правата на лицата со хендикеп и др….сите заедно во заедичко и поединечно сценско претставување низ обуките што ги нарековме “Од игра до претстава“.

ПОТРЕБНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА
– избор на лица кои ќе можат да одговорат на задачите, обука на менторите , проби со групите, организирање креативни работилници за учесниците во повеќе градови од МК во текот на шест месечен период со оглед на тоа дека станува збор за лица со попречености, кои и покрај хендикепот негуваат креативен и уметнички дух
– ангажирање професионални кадри, актери, режисери, социлози, дефектолози, кореографи, преведувачи на знаковен јазик и друг стручен кадар потребен за успешно спроведување на овој вид инклузија
– заедичко и поединечно сценско претставување по што победниците на националниот избор, ќе можат достојно да не претстават на Интернационалниот драмски фестивал “ИГРИ БЕЗ МАСКА“ – ТЕАТАР БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА, што се одржува традиционално во април секоја година.

РЕВИЈАЛН ФЕСТИВАЛСКИ ДЕЛ поддржан од голем број пријатели- актери, водители, музички звезди и други јавни личности од различни свери на делување..

.УЧЕСНИЦИ ВО НАТПРЕВАРУВАЧКИОТ ДЕЛ – актерски групи со мешан состав на учесници од МК (национален избор) и од ширум светот (интернационален избор).

МЕДИУМСКА ПОДДРШКА од националните и локални ТВ куќи, дневни, неделни и месечни печатени медиуми, од интернет порталите и социјалните мрежи….


Дајте му поддршка на единствениот Фестивал од овој вид на Балканот.

Спонзорирајте/донирајте за еднакви права и културно воздигнување на лицата со хендикеп…

Организатор: Здружение на граѓани “Свет на различни а еднакви”- Скопје, ж.см. 200002657617826; ед. мат.бр. 405701352340; Депонент – Стопанска банка.

Во зависност од добиените средства, секој спонзор/донатор ќе добие соодветен вид на маркетинг промоција.
Можете да не контактирате на email: igribezmaska@gmail.com /

svetnarazlicniaednakvi@gmail.com

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: