Да се дружиме и да помагаме!

0

Кога? – 18.12.2016 (недела) од 17 до 20 часот

Каде? – Кафе Ли, Скопје

ФБ настан

Во недела со почеток во 17:00 часот во Кафе Ли ќе се организира хуманитарен настан “Да се дружиме и да помагаме !”.
Овој настан е наменет за собирање финансиски средсва за Влатко да успее да ја прими месечната терапија која го чини 2.100 евра, а не е на позитивната листа на ФЗОМ, но за среќа има позитивни резултати.

Кога државата ќе потфрли, човечноста на граѓаните мора да настапи, затоа да му помогнеме!

Овој настан ќе биде организиран од пријателите на Влатко кои ќе продаваат честитки по симболична цена од 100 денари со цел да ги соберат потребните средства.

Настанот со квaлитетен спoј нa музикa ќе го збогати Dj Smallz и Dj Nasty, а Кафе Ли ќе помогне со процент од продадените пијалоци.

Здружението Хелперс за помош на социјално загрозени семејства ќе учествува со свои рачни изработки.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: