“Да предизвикаме нечија насмевска”-хуманитарна акција во Штип

2

Превземено од www.civitas.mk

 

“Совет на млади при Општина Штип во соработка со Меѓународниот Славјански Универзитет, Американското катче Штип и Здружението ЦИВИТАС и оваа година ќе организира хуманитарна активност за собирање на училишен материјал за децата на кои помошта им е најпотребна.

Ве покануваме и Вие да се вклучите во активноста и заедно да предизвикаме нечија насмевка.

Минатата година успешно го реализиравме овој проект со кој насмеавме 23 ученици од основните и средните училипта. Учениците добија ранец и целосен прибор (тетратки, пенкала, моливи, агломери, линијари, гуми за бришење, блокови, лепила, дрвени боици, темперни боици, мрсни бои, прибори-несесери и сл.) за една учебна година.

Со горенаведеното појаснување ја користиме можноста да ја поканиме широката јавност со ГОЛЕМИ СРЦА да биде дел од нечија насмевка и да ни се придружи во хуманитарната акција. Исто така писмен допис за вклучување во акцијата е доставен и до сите локални книжарници.

Хуманитарната активност ќе се организира на 10.09.2015 година на штандот кој ќе биде поставен на малиот плоштад наспроти објектот “Нама” од 15 до 17 часот. Ве покануваме и Вие да бидете дел од овој хуманитарен настан со донирање на училишен материјал и да им посакаме успешен почеток во новата учебна година на сите дечиња на кои оваа помош им е најпотрена.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: